Романскиот град Печка постави сообраќајни знаци кои ги предупредуваат возачите за пијани пешаци на коловозот.
Официјалните лица на градот Печка, кој е оддалечен 20 км. од границата со Унгарија, наредија поставување на сообраќајни знаци на кои е нацртан човек кој ползи со шише во раката. На невообичаените предупредувачки знаци пишува: "Внимание - пијаници!"
Знаците се поставени во деловите од градот кои изобилуваат со барови и туристи.
Петар Антал, градоначалникот на Печка, изјави дека оваа иницијатива е поттикната од серијата сообраќајни несреќи предизвикани од пешаци во алкохолизирана состојба.
"Ние сме пограничен град низ кој непрекинато минуваат автомобили", изјавил г-дин Антал за локалните медиуми, додавајќи дека Печка, исто така има и богат ноќен живот, па поради тоа нивна должност е да ги предупредат возачите за неодговорните пешаци кои се враќаат дома во алкохолизирана состојба.
Граданочалникот на Печка ги отфрли сите обвинување од локалните жители кои велат дека овие знаци ги карактеризираат како ноторни пијаници, потенцирајќи дека оваа акција ќе донесе позитивни резултати и ќе го намали бројот на сообрачајни несреќи во градот.
М.Л. | Кајгана