Еден тинејџер од Нов Зеланд би требало да си го промени името во Бинго и да однесе едно половина шлепер масло во локалната црква. Или цел шлепер? Чекај, колку би требало ако преживееш пад од 16-ти кат на зграда?

Момчето играло на балконот пред да падне, а во падот пред да се здроби на земја го пробило кровот на паркиралиштето до зградата.
Докторите од болницата Мидлмор во Оукленд, каде момчето е сместено, изјавија дека е вистинско чудо што 15-годишнио среќлија во паѓањето го скршил само зглобот на раката и едно ребро, а има уште некоја внатрешна повреда. Според сведоците, ударот после падот бил толку силен што помислиле дека се случила некоја сообраќајна несреќа.
Управителот на зградата од која падна момчето, Џејсон Епс-Идс изјави дека веројатно кровот на паркингот му го спаси животот на 15-годишното момче: „Ќе биде во ред. Неверојатно е што преживеа“, изјави Епс-Идс за New Zealand Herald.
Моменталната здравствена состојба на момчето е стабилна и се очекува да излезе од болница уште оваа недела. Стручњаците велат дека е многу ретко некој да преживее пад повисоко од петтиот кат на некој објект, односно дека повредите на главата се најчестата причина за фатални последици при таквите падови.
Б.И. | Кајгана