Украинската полиција го спречи полетувањето на патички авион со 86 патници од Крим за Киев бидејќи некој од патниците забележал дека целиот екипаж на авионот е пијан. Пилотот и стјуардесите едвај стоеле на своите нозе.
Патничкиот авион со 86 патници требало да лета од Крим за Киев, но во последен момент летот е одложен бидејќи некој од патниците забележал дека потполно целиот екипаж на авионот е направен „земја-воздух“.
Повикана е полицијата, која на пилотот и стјуардесите им измерила од 3 до 3,5 промили алкохол во крвта.
Во последен момент е спречена можна голема трагедија, а освен отказ, на екипажот им се заканува и тужба, особено затоа што за нивна несреќа во авионот се наоѓал и главниот обвинител на украинскиот суд, кој веднаш побарал истрага, известува airliners.net.
Б.И. | Кајгана