Научниците тврдат дека учениците и студентите би имале подобри испитни резултати ако пред излегувањето на испит ја набљудуваат буквата А, или во наш случај броевите 5 или 10, во зависност од тоа дали станува збор за средношколци или студенти. Согласно ова, ако пред писмена се ѕверите во единица, не ви се пишува добро :)

Студијата е направена на Универзитетот во Мисури врз 130 студенти. Секој од нив добил тест кој од старт е оценет со А (10-ка) или F (5-ка).
Оние кои решавале тест оценет со одличен успех имале во просек 11 точни од вкупно 12 одговори. Оние кои решавале „недоволни“ тестови имале просек 9/12.
Според научниците, самата помисла на она што А и F претставуваат е доволна да влијае на мотивацијата и изведбата, се вели во репортажата на psyplexus.com.
„Веруваме дека примарната импликација на ова истражување е дека студентите се осетливи на евалуацијата која им е презентирана пред самиот тест“, изјави раководителот на истражувањето Кит Сиани.
Б.И. | Кајгана