Брзите тестови за плодност веќе не се наменети само за жените. Не откако на британскиот пазар се појави направа која го проверува квалитетот и квантитетот на машката сперма. Тестот е наменет за паровите кои имаат проблеми со зачнување.

Како што објаснува др. Џон Хер од Универзитетот Вирџинија, тестот за плодност е наменет за паровите кои со месеци се обидуваат да зачнат дете и уште не сметаат дека е време да побараат медицинска помош.
„Производот ќе чини околу 15 фунти, што е многу поефтино од деталната анализа на спермата и им овозможува на партнерите да откријат не само дали постои проблем со плодноста кај мажот, туку и да заштедат добра сума на пари“, објасни Хер за Daily Mail.
Како што е објавено во магазинот Human Reproduction, др. Хер и неговиот тим тврдат дека тестот е со точност од 96% во однос на вообичаеното лабораториско истражување.
Б.И. | Кајгана