Британските научници открија потиснувач на апетитот кој ја „убива“ желбата за полноќни походи на фрижидерот или нагоните за уништување на сите чоколади на најлесниот начин - јадејќи ги. Причини за радост имаат не само елегантно пополнетите, туку и алкохоличарите и наркосите кои сакаат да се тргнат од својот порок.

Хемикалијата за која станува збор е хемопресинот, кој и природно постои во човековиот организам.
Со негова помош, како што пишува Daily Mail, би можел да се развие лек кој на луѓето би им го олеснал намалувањето на вишокот килограми. Идејата е дека оние кои ќе го земаат лекот ќе јадат само за да не се гладни, а не за уживање.
Научници од Универзитетот во Манчестер велат дека лекот би можел да се користи и во лечењето на зависностите, како на пример алкохолизмот и наркоманијата.
Хемопресинот делува на центрите во мозокот кои се уклучуваат кога уживате во непотребен оброк или ќе запалите цигара.
Лабораториските обиди покажаа дека хеморпесинот ги блокира овие делови од мозокот, со што го елиминира чувството на благопријатност кое доаѓа при јадењето. Лабораториските глувчиња ранети со хемопресин јаделе помалку.
Епа, ако не оди поинаку, стискајте палци за успех на мудрите умови од Манчестер.
Б.И. | Кајгана