“Don't worry, be happy" е животното мото кое треба да го спрoведете во пракса доколку сакате да бидете здрави. Поврзаноста помеѓу среќата и здравјето на срцето сега е научно докажана.

Истражувачите од медицинскиот центар на универзитетот Колумбија во Њујорк докажаа дека луѓето кои се наjчесто весели и задоволни се воедно и помалку склони кон срцеви заболувања, за разлика од тажните луѓе.
Во истражувањето кое е детално објавено во European Heart Journal, учествувале 1.739 здрави возрасни личности (меѓу кои имало 877 жени, односно 862 мажи) и истите биле набљудувани 10 години. Во тој временски период кај учесниците кои најчесто немале позитивни емоции, забележан е 22% поголем ризик од срцеви болести (инфаркт и ангина пекторис), отколку кај оние кои имале помалку негативни емоции. Сепак, и во случајот на вторите постоел за 22% зголемен ризик во споредба со учесниците во истражувањето кои имале умерено позитивни емоции.
Резултатите сугерираат дека срцевите болести може дeлумно да се спречат преку интензивирање на позитивните емоции кај луѓето, истакнува Катерина Давидсон, водачот на ова истражување. Сепак, таа смета дека е се'уште прерано за клинички препораки, пренесува Guardian.
„Студијата сугерира дека луѓето со позитивен поглед на животот полесно се опоравуваат од стрес и имаат подобар сон. Но, затоа што не сме сите оптимисти по природа, знаеме и дека подобрувањето на расположението не е баш лесно. Поради тоа, поврзаноста помеѓу кардиоваскуларните болести и депресијата заслужува поголемо внимание од кардиолозите и психијатрите“, заклучува Давидсон.
И.Е. | Кајгана