
Британската фармацевтска компанија GW стана првата компанија восветот која доби дозвола да произведува лек на база на канабис кој ќе се продава на рецепт.
Лекот кој се произведува во форма на спреј е наречен Сативекс, а лекарите ќе можат да го препишуваат во случаи на нуспојави кои се појавуваат кај заболените од мултиплекс склероза. За производство на лекот се користат две активни состојки на канабисот - ТХЦ и канабидиол.
Според пишувањето на лондонски Тајмс, компанијата од надлежното министерство добила дозвола за одгледување на марихуана, а локацијата на земјиштето каде марихуаната се одгледува се држи во тајност.
Д.Л.