Се повеќе мажи и жени сметаат дека децата не се клучен услов за успешен брак. Во споредба од пред 30 години, денес двојно повеќе Американки не сакаат да имаат деца.
Американскиот истражувачки центар Pew објави дека околу 20% од возрасните жени во САД немаат деца. За споредба, во 70-те години од минатиот век оваа бројка изнесувала 10%.
"Во последните децении е намален општествениот притисок да се следат традиционалните улоги и зголемена е можноста за индивидуален избор. Тоа го намалува притисокот врз луѓето дека мора да се венчаат и да имаат деца. Жените сега многу полесно можат да направат кариера и да изберат живот без деца", стои во извештајот од истражувањето.
Како друга причина, авторите наведуваат дека луѓето се повеќе сметаат дека децата не се клучен фактор за успешен брак. За споредба, во 2007 година само 41% од испитаниците сметале дека децата се исклучително важни за успешен брак, додека во 1990, оваа бројка изнесувала 65% од возрасните во САД.