Возрасните мажи можат да имаат пониско ниво на тестостерон, доколку нивните мајки пиеле многу кафе за време на бременоста. Дали кофеинот има негативен ефект врз фетусот кај бремени жени?
Истражувањето спроведено од американскиот доктор Кир Харли ги открива ефектите на кофеинот врз репродуктивната способност на мажите. Истражувањето се однесува токму на периодот на бременост. Кофеинот е познат по својот негативен ефект врз плацентата во матката, како и врз развојот на фетусот. Експериментите покажале дека кофеинот силно влијае на метаболизмот што особено во периодот на бременост се отсликува на развојот на тестисите кај плодот.
Пиењето на кафе за време на бременоста влијае на машките потомци
Неодамна, во Данска беше спроведена студија која направи анализа на мајките кои пијат многу кафе и оние кои пијат умерено т.е. до три шолји во текот на денот. Што покажаа резултатите? Возрасните синови на мајките од првата група имаат речиси 10% помало количество на тестостерон од оние во втората група. А преголема количина на кофеин исто така предизвикува пониско ниво на хормонот inhibin Б во телото и помало производство на сперма. Од статистички аспект овој процент не е потврден, но силно се верува во неговата точност.
С.С.