Ако сте дебели и се прејадувате, не се обвинувајте себе си и недостатокот на самоконтрола, туку префрлете ја вината на вашиот стомак. Поточно, на бактериите кои живеат во него.

Бактериите кои живеат во дигестивниот тракт го зголемуваат апетитот, а освен тоа предизвикуваат холестерол, проблеми со крвниот притисок и го зголемуваат ризикот од дијабетис и болести на црниот дроб, тврдат научниците.
„Се претпоставува дека епидемијата на дебелина во развиените земји е предизвикана од високо калоричната храна и недостатокот на движење. Но, нашите резултати укажуваат на тоа дека на промените во апетитот и метаболзимот би можеле да влијаат бактериите во дебелото црево“, објаснува Ендру Гервиц од Универзитетот Емори во Атланта, инаку дел од тимот што го спроведе истражувањето објавено во списанието Science.
Иако бактеријата е откриена во експериментите спроведени на глувци, резултатите се релевантни и за луѓе, се наведува во истражувањето.
Научниците сметаат дека причина за развој на овие бактерии, меѓу останатото, е и раширената употреба на антибиотици, која ги направила бактериите резистентни.
И.Е. | Кајгана