Да се потрошат повеќе од милијарда долари за влез во бизнисот со паметни телефони едноставно "нема смисла", тврдат од HP.

Според зборовите на одговорните луѓе во HP, компанијата не го купила Palm со намера да влезе на пазарот за паметни телефони.
Извршниот директор на HP, Марк Хрд, појасни зошто неговата компанија одлучи да го купи Palm. Според неговите зборови, HP не планира да влезе на smartphone пазарот.
Причината поради која HP се одлучи за оваа аквизиција била единствено желбата за сопственост на интелектуалните права и патенти на оваа компанија. Во фокусот на HP е оперативниот систем webOS, а не хардверските уреди кои ги нуди Palm.
HP планира да го искористи webOS за создавање на "околина поврзана на веб", на која ќе бидат поврзани десетици милиони од преносните уреди на HP, појасни Хрд.
Сепак, по заминувањето на шефот за развој на webOS во Google, аналитичарите го поставуваат прашањето за тоа колку стариот тим на луѓе од Palm е задоволен од новите сопственици на компанијата и дали навистина аквизицијата е со цел HP да го проработи оперативниот систем на Palm или едноставно да ја "реши" конкуренцијата со пари.
М.Л. | Кајгана