Русија ќе гради нов космодром вреден 810 милиони долари со цел да ги брани своите интереси на се поконкурентниот „пазар“ за лансирање ракети, изјави премиерот на Русија Владимир Путин.
Русија денес, како и во времето на Советскиот Сојуз, доминира со светската вселенска индустрија, изведувајќи 37% од лансирањата во светот, односно 78 само минатата година.
Путин, кој има амбиција да ја обнови моќта на Москва од Советскиот период најави дека центарот за лансирање Вoсточни на руското подрачје Амур на далечниот Исток ќе биде изграден за 3 години.
„Се надевам дека Вoсточни ќе стане првиот руски национален космодром за цивилна употреба кој ќе ни гарантира потполна независност во нашите вселенски активности“, изјави тој на средбата со претставниците на вселенската индустрија, пренесува BBC.
Новиот космодром ќе биде конкурент на центарот за лансирање Бајконур во Казакстан кој после паѓањето на СССР во 1991, Русија го изнајмува за 115 милиони долари годишно.
Вoсточни ќе биде отворен за летови без екипаж во 2015, а три години подоцна и за летови со екипаж.
Б.И. | Кајгана