Според проценката на аналитичарите, уредите кои се базирани на Android оперативен систем се единствена вистинска конкуренција на Apple iPad.

ABI Research проценува дека иднината на таблетите е еквивалента со моменталната состојба на пазарот на "паметни" телефони.
Откако Apple на пазарот го претстави својот "магичен" таблет iPad, аналитичарите проценуваат дека единствена вистинска конкуренција на овој уред може да бидат само уредите кои се базирани на Android оперативен систем.
Според анализите на испитувачите од компанијата ABI Research, иако доста таблети може да се "возат" на Windows, овој оперативен систем не е баш најдобро решение за овие преносни уреди кои имаат релативно сиромашна хардверска подлога. Токму поради големата потреба за процесорска јачина и потрошувачка на енергија, најдобро решение за таблетите е токму Android.
Во ABI проценуваат дека наскоро на пазарот треба да очекуваме неколку таблети кои ќе претставуваат вистинска конкуренција на Apple iPad, како од функционална, така и од финансиска страна.
М.Л. | Кајгана