Аpple во средата го претекна Microsoft и според пазарната вредност стана најголемата технолошка компанија во светот. Со вчерашното достигнување Apple постигна уште еден личен рекорд, а се работи за компанија која во 90-те беше на работ на пропаст.

Вредноста на акциите на Apple вчера на њујоршката електронска берза Nasdaq пораснаа за 1% со што компанијата постигна пазарна вредност од 225,1 милијарди долари. Вредноста на Microsoft чии акции паднаа за 2% сега е 222,7 милијарди.
Во споредба со 2000. година, вредноста на акциите на Apple се зголеми за 10 пати, откако компанијата се проби на пазарот за потрошувачка електроника. Нивниот успех се темели најпрво на успехот на iPhone, iPod и MacBook.
Истовремено, Microsoft чиј оперативен систем Windows е вграден во 90% од сите компјутери не успеа да го одржи растот на вредноста на компанијата во минатите години, па вкупната вредност за една декада падна за 18%, пишува timesonline.co.uk.
Сепак, Microsoft и понатаму ја задржа предноста пред Apple по реализиран промет, односно компанијата во минатиот квартал реализираше 14,5 милијарди долари промет, за една милијарда повеќе од конкурентите.
Б.И. | Кајгана