Транспортен воен авион се урна на Аљаска за време на вежбовен лет, јавува Асошиејтед Прес.
Во авионот патувале четири лица, но нивната судбина е неизвесна.
Авионот од типот C-17 вршел вежбовен лет кога се урнал во близина на американската база „Елмендорф“, недалеку од градот Анкориџ.
Очевидци за АП говорат дека виделе голема огнена топка и голем облак од чад што се издигнал по падот на авионот.