» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

Стотици илјади заглавени , 60 мртви во поплави во Пакистан

29.07.2010 | Свет | Извор: Макфакс

Најмалку 60 луѓе се убиени до четврток во најжестоките поплави во Пакистан во последниве неколку децении, а уште стотици илјади се заглавени во непристапни места, јавува Асошиејтед прес.

Монсунските дождови во северозападен Пакистан ги преполнија реките, кои ги рушат заштитните насипи и носат цели улици во населените места, а пробиена е и новата брана .во округот Чарсада.  Посевите во целиот регион се речиси сосема уништени.

Стотици луѓе се водат како исчезнати, вклучувајќи и девет градежни работници – Кинези, кои исчезнале во поплавите во областа Кохистан, а уште околу 200 кинески работници се заглавени на непристапни места.

Според локалните функционери, ова се најлошите поплави во северозападен Пакистан од 1929 година наваму, а се проценува дека бројот на луѓе кои се заглавени во непристапни места без храна и вода се движи околу 400.000.

„Спасувачка операција со хеликоптери не може да се изведе поради лошото време, а во целата провинција на располагање има само 48 спасувачки чамци“, изјави Миан Ифтикар Хусаин, министер за информации на провинцијата Кибер-Пактунква која е најпогодена од поплавите. Тој додаде дека прогнозите велат оти во наредните 24 часа врнежите од дожд уште повеќе ќе се засилат.

Монсунските сезони честопати доведуваат до поплави во Пакистан, при што најсиромашните селани од низинските села секогаш најмногу страдаат. Тоа е затоа што само сиромашните живеат во тие области, затоа што не можат да си дозволат живеалишта во побезбедните зони.

Некои пакистански експерти претпоставуваат дека поројните дождови се фактор и во катастрофалната авионска несреќа што се случи во среда во пакистанската престолнина Исламабад и во која загинаа 152 патника.

Kajgana.com
Македонија
06.09.2010 | 16:19

Државниот инспекторат за транспорт казни 273 лица кои во јуни, јули или август не платиле патарина, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски...

Kajgana.com
06.09.2010 | 17:07

На конгресот на ФИБА што се одржа во Истанбул за нов претседател на меѓународната кошаркарска федерација со 174 гласови за е избран Иван Менини од Франција, на местото на досегашниот прв човек Боб Елфинстон...

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Русија пред еден век, во боја

Тешко е да се поверува, но оваа невообичаена колекција на фотографии е направена во периодот помеѓу 1909 и 1912 година. Тогаш, рускиот фотограф Сергеј Микаилович Прокудин-Горски (1863-1944) работел на фото-анкета со...

Фотошоп катастрофи, reloaded

Блогот кој претставува централна база на сите унаказени фотографии обработени од (не)талентирани Фотошоп мајстори, објави нова збирка на дела кои вредат да се погледнат. А кога ќе ги забележите грешките...

Kajgana.com

Ако ги немаш, измисли ги

Италијанскиот второлигаш Триестина мачи мака со своите навивачи кои никако да посакаат да ги гледаат своите пулени од трибините на стадионот Нерео Роко со капацитет од 32.454 гледачи. Но, "жабарите" дојдоа на идеја која не се гледа секој ден...

Kajgana.com

Ептен се внесе во фрлањето

Кармата ќе ве стигне, кога тогаш. Не верувате? Не сме закоравени фанови на серијата My Name Is Earl, туку едноставно ги следиме практичните показни кармички вежби, како на пример во овој случај...

Kajgana.com

И, му фали даска или не?

Прво да се разбереме: ова не е бран, ова е подвижна планина. И за да сурфаш на/под неа не ти треба даска, туку најважно е да имаш јајца од адамантиум или волфрам. Или базалт. А можеби и од гранит. Еве зошто..

Kajgana.com

Параплегија, шмараплегија...

Арон Фотерингам е 18-годишно момче кое е одамна познато по своите акробации кои ги изведува со својата инвалидска количка. Овој љубител на екстремните спортови не дозволи инвалидитетот да го спречи да го прави она што го сака...

Kajgana.com

Еве зошто кинеските производи се ефтини

Финалната цена на еден производ во голема мера зависи од факторите кои влијаат кон производството на истиот. Во случајов, човечкиот фактор е и тоа како значаен. И немојте да мислите дека ги пакуваат без врска „како ќе им се фати“ :)

Kajgana.com

3-минутен оргазам, by Јоко Оно

Предупредување: забрането за лица помлади од 18 поради опасност од развивање на асексуалност. Не ни е јасно дали Џон Ленон бил толку стимулативен, дали модерната уметност до толку заминала во неповрат или...

Kajgana.com

Assassin Jane Doe

Ставете се во улога на озлогласената платеничка позната под името Џејн Доу и тестирајте ги вашите атентаторски способности. Ваша цел е успешно да го комплетирате договорот и да побегнете од местото на злосторот.

Kajgana.com

Mario Bounce

Вака некако изгледа Супер Марио кога ќе изеде премногу "волшебни печурки". Иако значително модифицирана, гејм плејот на оваа игра е ист како и на оригиналната - јадете печурки и бегате од лошите.

Kajgana.com

Eenie Balance

Лесна, летна игрица, која ќе ви помогне да ги пребродите периодите на досада на работното место. Целта е да го балансирате црвениот шестоаголник на лостот. И токму кога ќе помислите дека би можеле така и цел ден...

Kajgana.com

Puzzles of Gemland

Одамна не сме играле некоја загадочна игра, па време е малку да го ставиме мозокот во функција. Секое ниво има посебна задача, следете ги инструкциите пред почетокот.

Kajgana.com

Bike Mania Arena

За разлика од претходните верзии, за да ги совладате патеките на оваа игра ќе треба да вложите малку повеќе труд и трпение. Досадно на работа? Сакате да се испробате?

Kajgana.com

Болва

Игрица од типот на Супер Марио, во која главна цел е да ги соберете паричките и да стигнете до крајот на нивото. Команди: Користете ги стрелките за движење, SPACE за скок.

© 2005-2010 Kajgana Media