Патнички авион, во кој патувале 146 патници и шест членови на екипажот во среда наутро се урна во месноста Маргала, во околината на главниот пакистански град Исламабад, јавува Франс Прес.
На местото на инцидентот се издигнува густ облак од чад, соопштија од полицијата и спасувачките служби.
Сè уште нема потврдени информации за евентуални загинати или повредени лица.
Авионот припаѓа на пакистанската компанијата „Ер блу“, а се обраќал на линијата Карачи – Исламабад.
*надополнето:
Пакистанските спасувачки служби пронашле осум преживеани лица по падот на патничкиот авион на компанијата „Ер блу“, што во среда наутро се урна во близина на Исламабад, пренесува телевизијата Dawn News.
Според неофицијални податоци, бројот на преживеани може да достигне над 40 патници.