Исланд во вторник ќе ги започне преговорите со Европската Унија за пристапување на земјата во европското семејство и покрај бројните препреки меѓу кои и прашањето дали Исланд навистина ја сака таа интеграција, пренесе Радио Слободна Европа.
Одлуката за почеток на преговорите беше донесена во понеделникот на состанокот на државните секретари задолжени за европски прашања во Брисел.
Исланд својата кандидатура ја поднесе минатата година на 16-ти јули, веднаш по финансиската криза, но оттогаш ентузијазмот на Исланѓаните за влез во Унијата е значително намален.