Бројот на загинатите во големата експлозија во фабриката за хемикалии во градот Нанџинг во источниот дел на Кина се искачи на 13 луѓе, јави агенцијата Синхуа.
Во експлозијата, што се случи во среда наутро, беа повредени 300 луѓе во близина на напуштен погон за производство на пластика. Во инцидентот првично настрадаа шест лица.
Експлозијата била предизвикана од запален мотор во близина на цевковод за етилен. Од силината на експлозијата целосно се срамнети со земја постројките во радиус од 100 метри и ги искршила стаклата на околните згради.