» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

Оази на развратот

27.02.2009 | Репортажи

Во потрага по секс без обврски сте спремни да отидете до крајот на светот, а вистинската забава не можете да ја замислите без алкохол, коцкање или други ситници кои дома би можеле да ве чинат затвор? Не заборавајте дека постојат места каде не само што можете да се препуштите на гревот, туку тоа може да го правите слободно, без воопшто страв или параноја.

Патаја, Тајланд
На овој крајбрежен туристички град сексот е активност број еден, без оглед дали вас ве интересираат борделите, go-go баровите или дури кабареата со трансексуалци. Во најслободниот јужен дел на градот, проститутките ќе ви дофрлаат додека чекорите по улиците, а не ретко ќе се обидат и на сила да ве вовлечат во една од своите простории. Доколку ви здосади можноста за секс на секој чекор, забавата може да ја побарате во некој од возбудливите таи-бокс барови или да отспиете на плажата да соберете сила за нова вечерна забава.

Тихуана, Мексико
Доколку пристигнете во Тихуана преку една од најпрометните граници на светот, онаа со САД, многу веројатно ќе помислите дека сте дошле некаде на дивиот запад. Границата за точење алкохол се спушта од 21 на 18 години, проституцијата станува легална, а во најразузданите квартови дрогата се купува и продава низ улиците среде бел ден. Неретко некој од домаќините ќе ве фати под рака и ќе ве одведе до некој стрип-клуб каде текилата е безобразно ефтина. Сепак, не заборавајте дека локалната полиција не е најпријателски расположена према пијаните странци кои упаѓаат во проблеми, па ќе треба да се потрудите да не завршите во затвор поради вашето лошо однесување.

Амстердам, Холандија
Како една од најпознатите оази на грешниците, Амстердам се прослави со либералните ставови према потрошувачите на канабис и љубителите на проституцијата. Ова е едно од ретките места во светот каде во некој локал најпрво може да нарачате хашиш, па дури потоа доручек, а денот понатаму да го зачините со сексуален перформанс во некој од локалните клубови. Најдобриот дел од приказната е дека ова е потполно легално - барем, сеуште.

Лас Вегас, САД
Во овој град можете да се коцкате цел ден и цела ноќ (дури и по аеродромите), додека проституцијата, иако официјално е илегална, се нуди како посебна ескорт-услуга. Платените девојки или момчиња кои ќе ве придружуваат се рекламирани по целиот град, а во понудата има и мноштво на стриптиз клубови, во кои можете да се опуштате од лутањето од едно до друго казино. Но, пороците не завршуваат тука. Во Лас Вегас на своето ќе си дојдат и обожавателите на оружје, достапно во бројните локални продавници, но нема да останат незадоволни и љубителите на добра храна и пијалаци.

Рио де Женеиро, Бразил
Бразилките имаат мистична убавина, за што најдобро зборува бројот на бразилските супермодели, а притоа, Рио е најголемиот центар на забавата во Бразил. Само одберете си некоја плажа, од Копакабана до Ипанема, на кои по цели денови можете да уживате во прекрасните топлес-бразилки. Сепак, вистинската забава започнува кога ќе падне ноќта и градските клубови ќе заиграат во ритамот на боса-новата. Статусот "оаза на гревот" Рио го заслужи поради своите легални бордели, но и карневалот за време на кој градската разузданост доаѓа до полн израз.

Москва, Русија
Што се случува со еден град кој ќе се "отвори" откако со децении бил затворен за секаква послободна забава? Лудило. Поради тоа во Москва денес може да се пронајдат секакви типови на клубови, од хардкор-техно, до оние со транс или рок музика, со посетители од сите делови на светот. Партнери за љубовни авантури може да се пронајдат на секој чекор, а иако проституцијата е официјално забранета, девојките и момчињата за платена забава се собираат на речиси сите места каде "врие" ноќниот живот. Освен најдобрата вотка на свет, московската посебност ја нагласуваат и специјализираните стрипиз клубови за дами во кои за мажите пристапот е ограничен - доколку не планираат да се качат на сцена :)

Њу Орлеанс, САД
Разголемите задници и гради, како и потоците од пиво се она што овој град го прават најпривлечниот американски Sin City. Целата негова "расипаност" најдобро се гледа за време на разузданиот карневал Марди Грас, чија традиција датира од 19-от век, кога во Њу Орлеанс се споиле музиката, проституцијата, француската храна и хедонизмот. Се од ова и ден денес може да се пронајде во Францускиот кварт, каде стриптиз-клубовите, порно шоповите и баровите ќе ги задоволат сите ваши ниски страсти. Иако е илегална, проституцијата овде е длабоко скоренета и има традиција. Добро е и тоа што градот полека се опоравува од катастрофалните последици на ураганот Катрина.

Берлин, Германија
Изобилството на латекс, синџири, камшици и останатите садо-мазо иконографии го направија Берлин светска престолнина на фетишистите. Доколку сакате да "бидете казнети", влезете во еден од темните подруми на мала рехабилитација. Ако ви е по ќеиф да лудувате во некои диско-клубови каде истовремено е дозволен и сексот, и тоа може да се среди. Не треба да се заборави дека Берлин уште меѓу двете светски војни имал институт за сексуална наука познат по завидната порнографска колекција. Отвореноста према сексуалноста во градскиот живот се вовлекла и преку кабареата, па не чуди и тоа што денес проституцијата во Берлин е законски дозволена.

Kajgana.com
Македонија
29.07.2010 | 17:59

Додека протестираа 20 тина луѓе пред седиштето на опозициската партија, поголем број  стечајци од здружението УНИТ од Куманово се собраа пред Собранието...

Kajgana.com
29.07.2010 | 13:58

Прославениот англиски фудбалски гигант Ливерпул вечерва во Скопје ќе игра против Работнички, во рамките на третото квалификациско коло во Лига Европа...

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Галичка свадба 2010

Традиционалната манифестација Галичка свадба одржана по 47-ми пат во село Галичник, Мавровско. Младоженците оваа година беа Љупка Талеска и Филип Шотароски. Одиме на прошетка низ фотографии?

Kajgana.com | http://kajgana.com

Врело низ фотографии

Пештерата Врело е лоцирана во кањонот Матка и е систем од две (надводна и подводна) пештери, а се смета како една од најдлабоките во Европа и светот. Одиме на фото прошетка?

Kajgana.com

Белците можат да скокаат

Светското фудбалско првенство заврши, кошаркарското е пред почеток, па во паузата за да не ви е досадно имаме предлог спорт за вас за кој до денес не ни знаевме дека постои, а камо ли дека е и атрактивен!

Kajgana.com

Пар-Кинг

Господинов доаѓа од Нов Зеланд, го сруши рекордот во екстремно паркирање, но ние би му ги направиле сите метании и почести само ако успее да излезе од паркинг местото. Инаку, џабе паркирањето :)

Kajgana.com

Не се секирај, мама е тука

Наместо да се обидеме со придавки да ја опишеме грижата на мајката и да наликуваме на клише за состав по македонски јазик од петто одделение, ќе оставиме видеото само да ја покаже силината на мајчиниот инстинкт...

Kajgana.com

Фудбалче на гооолеми голови

Секоја година во Ашбоурн, Англија се одржува најголемиот, најстариот и најбизарниот фудбалски натпревар во светот. Во играта учествува целиот град, а головите се оддалечени 5 километри...

Kajgana.com

Си беа две панди...

Две панди уживаат во семејна идила - мајката опуштено грицка бамбус, додека покрај неа спокојно спие бебето панда. И се е така мирно и слатко, додека...бууум! На мајката не и беше јасно што ја снајде, а и панда бебушот беше збунет...

Kajgana.com

Хокеарски страсти

Хокејот е груб спорт, а хокеарите гневни луѓе, па мразот често се претвора во бојно поле. И од многуте хокеарски тепачки ви ја издвојуваме најдобрата борба на сите времиња. Особено внимание обратете на акцијата во 24. секунда...

Kajgana.com

Puzzles of Gemland

Одамна не сме играле некоја загадочна игра, па време е малку да го ставиме мозокот во функција. Секое ниво има посебна задача, следете ги инструкциите пред почетокот.

Kajgana.com

Bike Mania Arena

За разлика од претходните верзии, за да ги совладате патеките на оваа игра ќе треба да вложите малку повеќе труд и трпение. Досадно на работа? Сакате да се испробате?

Kajgana.com

Болва

Игрица од типот на Супер Марио, во која главна цел е да ги соберете паричките и да стигнете до крајот на нивото. Команди: Користете ги стрелките за движење, SPACE за скок.

Kajgana.com

Beach Skill Soccer

Добра игрица која со задоволство може да ја "плескате" додека чекате да почне следниот натпревар од Светското првенство. Жонглирајте и држете го фудбалот во воздух. Команди: Користете ги стрелките на тастатурата.

Kajgana.com

Војна на паразитите

Целта на играта е да ја раширите вашата колонија на паразити на сите клетки и со тоа да го совладате противничкиот паразит. Колку етапи ќе успеете да доминирате? Бирајте мудро. Команди: Кликни и повлечи.

Kajgana.com

The Slob

Испробајте ги вашите способности за трчање и скокање во психоделичниот вонземски свет исполнет со чудни билки и други креации. Не е битно дали ви е јасна приказната, битно - завршете ја лизгавата патека до крај...

© 2005-2010 Kajgana Media