» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

Осамениот континент - Антарктик

26.01.2009 | Репортажи

Понеделник, 26.01.2009
Даница Ангеловска

 

Антарктик е петтиот по големина континент, кој се наоѓа на Јужниот Пол. Најблиска друга голема земја е Јужна Америка на 1.000km оддалеченост, преку најгрубиот воден простор на светов - каналот Дрејк. После неа следи Австралија која е оддалечена 2.500km, па Јужна Африка на дури 4.000km.

Вкупната површина на овој континент преку лето е околу 14,2 милиони km2, што е приближно два пати повеќе од големината на Австралија, нешто помалку од САД и педесет пати повеќе од Британија. Во зима, неговата површина дупло се зголемува, а тоа се должи на ледените мориња кои се формираат околу бреговите. Вистинската граница на Антарктикот не е крајбрежјето на континентот или надворешните острови, туку Антарктичкиот Поларен брег, кој вклучува и дел од океанските води околу него.
  
Три фактори владеат на Антарктикот, кои се и негови светски рекорди – студот, ветерот и височината. Тој е најстудениот, најветровитиот и највисокиот континент. Најниската температура која некогаш е забележана е -89,2 целзиусови степени, на 21-ви јули 1983-та година, во Руската база на Јужниот Пол. Таа се наоѓа блиску до Недостапниот Пол, точка на Антарктикот која е најоддалечена од сите и најневозможно место на кое може да се пристапи.
Овој континент најчесто има јаки ветрови. Мирните периоди се ретки и обично траат по неколку часа, а многу поретко и по неколку денови. Ветер со брзина од дури 320km/h бил забележан од Француската база во Јули 1972 година.

Антарктикот е составен од две главни површини: Источна Антарктика и помалата Западна Антарктика, на која се наоѓа Антарктичкиот полуостров. Западната е екстензија од Андските планини, кои се протегаат од Јужна Америка, а за Источната се мисли дека не е цела површина и кога би се тргнале замрзнатите покривки, би останала само група од острови. Овие две површини се разделени од Трансантарктик, синџир од планини кои се протегаат преку целиот континент, чија поголема површина е под покривка од мраз.

Повеќе од 99% површината на Антарктикот е покриена со мраз, а тоа претставува околу 70 проценти од свежата вода во целиот свет. Дебелата покривка од мраз го прави овој континент највисок од сите, со просек од 2 300m. Највисока точка е планинскиот масив Винсон(4 897m), а најниска досега откриена е ендекот Бентли (2 499m). Глечерите или големите реки од мраз, ја цедат внатрешноста на континентот и на неговите обали формираат гребени од мраз. На местата каде што поминува таа голема маса, остава распукана и искршена површина, која понатаму е многу опасна.

Најмалку два вулкани се активни тука. Брдото Еребус (3.794m) е повисокиот и постојано околу него има растопено езеро од лава. Другиот е островот Десепшн, кој се наоѓа северно од Антарктичкиот полуостров и кој е популарно место за туристичките бродови, бидејќи нуди топла бања во вулканските топли води, опкружени со Антарктички мраз и пингвини. Се верува дека има и други вулкани под замрзнатите површини, затоа што на некои места глечерите течат многу брзо, што е можно да е последица од топлина под нив, која го растопува мразот.

На ова копно воопшто нема растителен свет. Вегетацијата е лимитирана само на околу 350 видови лишаи, мов и алги. Тие најчесто се појавуваат на карпите кои не се замрзнати во поголемиот дел од летото и растат по неколку сантиметри, па од поголема височина изгледаат како поле од темна трева.
Тука нема и домородни животни. Сите кои може да се видат таму се зависни од водата кога е храната во прашање или се видови кои мигрираат кога доаѓа зимата. Единствените домордни животинчиња се безрбетни и само неколку милиметри големи. Овие ситни животни можат да ги толерираат ниските температури во зима, со тоа што замрзнуваат во мразот под карпите и камењата. Кога се затоплува времето и почнува да се топи мразот, се одмрзнуваат и сите нивни функции постануваат активни. Сепак, најдолго можат да преживеат на полуостровот.

Од друга страна пак, океанската околина изобилува со различни и големи количини од живот. Многуте видови на китови се хранат од богатиот воден свет, шест видови на морски лавови (кои се најбројните цицачи на планетава после човекот) и дванаесет видови на птици живеат и се размножуваат на Антарктикот.

Но, пред сите нив, најпознатиот жител на Антарктикот е пингвинот. Птицата која не може да лета, но е одличен пливач живее на масата од мраз и во океаните околу овој континент.

А население? Во 1821-та година за прв пат тука стапнала човековата нога. Од тогаш до денес, Антарктикот сеуште нема постојани домови и жители. Има околу 4.000 научници во бази во краткото лето, околу 1.000 преку зимата и 25.000 туристи, кои исто така најчесто доаѓаат кога е лето, а е површина 1,4 пати поголема од САД!

Kajgana.com
Македонија
29.07.2010 | 17:59

Додека протестираа 20 тина луѓе пред седиштето на опозициската партија, поголем број  стечајци од здружението УНИТ од Куманово се собраа пред Собранието...

Kajgana.com
29.07.2010 | 13:58

Прославениот англиски фудбалски гигант Ливерпул вечерва во Скопје ќе игра против Работнички, во рамките на третото квалификациско коло во Лига Европа...

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Галичка свадба 2010

Традиционалната манифестација Галичка свадба одржана по 47-ми пат во село Галичник, Мавровско. Младоженците оваа година беа Љупка Талеска и Филип Шотароски. Одиме на прошетка низ фотографии?

Kajgana.com | http://kajgana.com

Врело низ фотографии

Пештерата Врело е лоцирана во кањонот Матка и е систем од две (надводна и подводна) пештери, а се смета како една од најдлабоките во Европа и светот. Одиме на фото прошетка?

Kajgana.com

Белците можат да скокаат

Светското фудбалско првенство заврши, кошаркарското е пред почеток, па во паузата за да не ви е досадно имаме предлог спорт за вас за кој до денес не ни знаевме дека постои, а камо ли дека е и атрактивен!

Kajgana.com

Пар-Кинг

Господинов доаѓа од Нов Зеланд, го сруши рекордот во екстремно паркирање, но ние би му ги направиле сите метании и почести само ако успее да излезе од паркинг местото. Инаку, џабе паркирањето :)

Kajgana.com

Не се секирај, мама е тука

Наместо да се обидеме со придавки да ја опишеме грижата на мајката и да наликуваме на клише за состав по македонски јазик од петто одделение, ќе оставиме видеото само да ја покаже силината на мајчиниот инстинкт...

Kajgana.com

Фудбалче на гооолеми голови

Секоја година во Ашбоурн, Англија се одржува најголемиот, најстариот и најбизарниот фудбалски натпревар во светот. Во играта учествува целиот град, а головите се оддалечени 5 километри...

Kajgana.com

Си беа две панди...

Две панди уживаат во семејна идила - мајката опуштено грицка бамбус, додека покрај неа спокојно спие бебето панда. И се е така мирно и слатко, додека...бууум! На мајката не и беше јасно што ја снајде, а и панда бебушот беше збунет...

Kajgana.com

Хокеарски страсти

Хокејот е груб спорт, а хокеарите гневни луѓе, па мразот често се претвора во бојно поле. И од многуте хокеарски тепачки ви ја издвојуваме најдобрата борба на сите времиња. Особено внимание обратете на акцијата во 24. секунда...

Kajgana.com

Puzzles of Gemland

Одамна не сме играле некоја загадочна игра, па време е малку да го ставиме мозокот во функција. Секое ниво има посебна задача, следете ги инструкциите пред почетокот.

Kajgana.com

Bike Mania Arena

За разлика од претходните верзии, за да ги совладате патеките на оваа игра ќе треба да вложите малку повеќе труд и трпение. Досадно на работа? Сакате да се испробате?

Kajgana.com

Болва

Игрица од типот на Супер Марио, во која главна цел е да ги соберете паричките и да стигнете до крајот на нивото. Команди: Користете ги стрелките за движење, SPACE за скок.

Kajgana.com

Beach Skill Soccer

Добра игрица која со задоволство може да ја "плескате" додека чекате да почне следниот натпревар од Светското првенство. Жонглирајте и држете го фудбалот во воздух. Команди: Користете ги стрелките на тастатурата.

Kajgana.com

Војна на паразитите

Целта на играта е да ја раширите вашата колонија на паразити на сите клетки и со тоа да го совладате противничкиот паразит. Колку етапи ќе успеете да доминирате? Бирајте мудро. Команди: Кликни и повлечи.

Kajgana.com

The Slob

Испробајте ги вашите способности за трчање и скокање во психоделичниот вонземски свет исполнет со чудни билки и други креации. Не е битно дали ви е јасна приказната, битно - завршете ја лизгавата патека до крај...

© 2005-2010 Kajgana Media