Со дефиле на маските од Горно и Долно Маало во Вевчани вчера почна најуникатната културна манифестација во Република Македонија, познатиот Вевчански карневал.
Како и секоја година, и овој пат маските изнудија воздишки кај бројните туристи и посетители. Застрашувачки, екстравагандни, реални и доведени до совршенство. Карневалот трае 2 дена (13 и 14 јануари). Доколку го пропуштивте оваа година, не ја правете истата грешка два пати.






