Секое лето во Каталонија (Шпанија), различни тимови се натпреваруваат во тоа кој ќе ја "изгради" највисоката човечка кула. Секој каталонски град има свој тим (или Colla) кој зема учество во натпреварувањето.
Следејќи ги инструкциите на тимскиот капитен (Cap de colla) членовите на тимот градат цврста основа од испружени и силно поврзани раце, која служи како безбедносна бариера во случај да падне некој од учесниците (што не ретко се случува). На таа основа се надоврзуваат и до осум "катови" од луѓе кои стојат еден врз друг, газејќи на рамениците.
Врвот на кулата е составен од деца, а кулата се смета за завршена штом малото дете кои се наоѓа на врвот ќе замавне со рацете и ќе ја поздрави толпата.








