Продолжуваат проблемите со казни за Жозе Мурињо. На тренерот на Интер кој неодамна беше суспендиран од три натпревари без право на водење на екипата, сега му се заканува нова казна, пишува торинскиот "Тутоспорт".
На натпреварот против Џенова (0:0) Жозе Мурињо ги прекршил правилата за суспензија, па од ВИП зоната се приближил на десетина метри од клупата на неговиот клуб и му делел совети на својот помошник Џузепе Барези.
И сето ова можеби би останало незабележано, доколку не го забележаа и ТВ камерите:
На мечот против Џенова, Мурињо ја "одработи" втората казна, а третата би требало да ја отслужи на гостувањето против Катанија на 12 март. Но, доколку добие нова казна, Интер ќе остане без Мурињо и на натпреварот против Палермо.
Д.Л.