Манчестер Јунајтед се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони, откако синоќа на свој терен во реванш натпреварот убедливо го совлада Милан со 4:0 (1:0).
По победата од 3:2 во првиот натпревар во Милано, фудбалерите на Манчестер Јунајтед практично си поиграа со својот противник во синоќешниот реванш меч кој се одигра на Олд Трафорд.
Стрелци: Руни(13. и 46.), Парк(59) и Флечер(87).
Д.Л.