
И покрај отсуството на својот најдобар играч Леброн Џејмс кој е повреден, Кливленд успеа на свој паркет да го совлада Сан Антонио со 97:95.
Сан Антонио пропушти шанса за изедначување која ја имаше на четири секунди пред крајот, кога Роџер Мејсон беше непрецизен од удар за три поени, па победата ја однесе Кливленд.
Њујорк ја победи Атланта со 99:98, Њу Орлеанс и Голден Стејт заедно постигнаа дури 266 поени (135:131). Во останатите натпревари, Минесота загуби од Далас со 112:125, a Мемфис го победи Њу Џерси со 107:101.
Д.Л.