Голманот на Арсенал Мануел Алмуниа е убеден дека неговиот тим ќе успее да го мине Порто во осмина финалето од Лигата на шампиони и покрај тоа што капитенот Сеск Фабрегас нема да настапи поради повреда.
"Сеск е водач на нашиот тим, тој е капитен и вонсериски играч. Кога тој не е во екипата, тоа е голем хендикеп, но сите играчи во тимот се подготвени на наредната фаза од натпреварувањето", изјави за англиските медиуми Алмуниа.
Инаку, Арсенал влегува во пресметка со Порто со негатива од 2:1, а освен Фабрегас кој ја обнови повредата, на тимот му фали и долгорочно повредениот Робин ван Перси.
Д.Л.