Microsoft Office 2010, кој уште може да се сретне и под кодираното име 14, сеуште не е подготвен за своето официјално деби, но како што стојат работите во моментов одредени Microsoft тимови веќе работат на верзијата Office 15.

Како што стои на официјалниот блог на тимот на Microsoft задолжен за развој на Acces, „верзијата Office 2010 се ближи кон своето официјално излегување, а веќе се работи на плановите за Office 15“.
Ако во компанијата го следат својот досегашен тренд на пуштање во продажба на овој пакет програми, Office 2010 би требало да се најде на пазарот во мај идната година, а верзијата Office 15 би требало да ја добиеме на понуда во втората половина на 2013. или на почетокот на 2014. година.
Како и да е, бета верзијата на Microsoft Office 2010 можете да ја симнете веќе сега од тука (како што веќе пишувавме), и тоа со лиценца од една година.