За краткиот период откако се најде во продажба, Windows 7 веќе има скоро 10% удел, а и натаму привлекува се поголем број на корисници.

Според најновите податоци од Net Applications, во период од само еден месец по претставувањето, Windows 7 се нашол на 4% од компјутерите, а три месеци биле доволен период за освојување на 9,23% удел на пазарот.
Microsoft веќе го подготвува првиот голем пакет со закрпи за Windows 7 кој во бета верзија треба да се појави во јуни, а конечната верзија на Service Pack 1 треба да им биде достапна на корисниците во септември оваа година.
На пазарот и понатаму доминира Windows XP со скоро 70% удел, додека Vista се наоѓа на околу 20% од компјутерите.
Д.Л. | Кајгана