
Откако направија 'ршум во 80-тите, руските блокови повторно го освоија светот. Со повеќе од сто милиони (платени) преземања на мобилни уреди, Тетрис стана убедливо најпопуларната и најпродаваната мобилна игра во светот.
Адам Сусман од Electronic Arts вели дека оваа голема бројка "не е само голем момент за EA, туку за и целата индустрија за мобилни игри".
Колку за потсетување, Тетрис е дело на рускиот математичар Алексеј Леонидович Пажинтов, кој ја дизајнираше оваа популарна игра уште во 1984. година. Денес, со повеќе од 100 милиони продадени игри за мобилните гаџети (од вкупно ~ 155 милиони продадени копии за преку 30 различни платформи) тетрис претставува најпопуларната мобилна игра во светот.
Играта на интернет се продава по цена од 5 до 10 долари (од најобични телефони до iPhone), а се претпоставува дека досега има донесено повеќе од 500 милиони долари чиста заработувачка за Electronic Arts.