Microsoft ја претстави својата нова алатка наречена Fix It, која е наменета за решавање на проблемите кои се јавуваат со користењето на нивниот Windows.

Станува збор за комбинација на софтвер и онлајн сервис, наменети пред се' за помалку искусните корисници на постарите верзии на Widows.
По инсталирањето на Microsoft Fix It, софтверот автоматски започнува потрага по евентуални проблеми со оперативниот систем. Откако ќе заврши процесот на скенирање, корисникот добива листа со детектираните проблеми и избор самиот да одлучи дали сака да го поправи проблемот, или не. Освен тоа, софтверот е наменет и за превенција на потенцијалните проблеми поврзани со автоматското надградување на системот.
Fix It е достапен на официјалната страница на Microsoft за бесплатно преземање и сеуште се наоѓа во бета фаза на развој.
М.Л. | Кајгана