Ништо на светот не се купува без пари, па дури ни Linux-от. Од купчето на кодови за создавање на овој оперативен систем, повеќе од 75% е дело на платени програмери, а не волонтери (како што повеќето од нас мислеа).
Овој податок го изнесе пред светот основачот на LWN.net и Linux соработник, Џонатан Колберт, при своето обраќање на конференцијата Linux.conf.au 2010 одржана во Велингтон.
Колберт вели дека извршил анализа на кодот на Linux кернелот од крајот на 2008. до јануари годинава и дошол до заклучок дека за тоа време, во кое кернел верзијата успеала да "скокне" од v 2.6.28 до v 2.6.32, биле напишани вкупно 2.8 милиони нови линии код, или околу 7.000 нови линии код дневно.
Од целиот тој код, за само 18% може со релативна сигурност да се каже дека е дело на волонтери, за 7% не може да се прецизира дали е комерцијално или волонтерско дело, а дури за 75% од кодот е дефинитивно утврдено дека станува збор за дело на платени програмери, а не волонтери.
Најголем дел од комерцијалната работа во развој на Linux кернелот ја изведува Red Hat со учество од 12%, потоа Intel со 8%, IBM и Novell со 6% и Oracle со скромно учество од 3%.
Поопширно на APC Mag.