Не само што дознавме дека и-мејл пораките имаат расположение, туку откривме и дека има софтвер кој ќе ви каже каков тон оддаваат вашите мејлови.

За тоа се грижи Tone Check од канадската компанија Lymbix. Оваа апликација работи како додаток на Microsoft Outlook и ги анализира фразите кои сте ги користеле, а потоа ве известува за тонот на вашиот мејл.
На корисниците на располагање и е и опцијата за “толерантен тон“. Ако се одлучите на таква опција, програмот ќе ве извести за отстапувањата од “финиот“ тон пред да ја испратите пораката.
Скалата на осетливост има осум степени, од наклоност и радост, до тага, лутина и понижувачки тон.
Доколку сакате бесплатно да го испробате, клик тука.
И.Е. | Кајгана