Mozilla ја издаде првата тест верзија на својот интернет прелистувач Firefox, која е прилагодена за извршување на 64-битни процесори.

Поддршката за 64-битни процесори е една од можностите планирани за новиот Firefox 4, кој би требало да се појави кон крајот на оваа година.
Сепак, најверојатно најголемиот проблем кој би можел да настане со преминувањето на 64-битната верзија е компатибилноста на додатоците на прелистувачот. На пример, Adobe Flash е моментално достапен во 64-битна верзија само во Adobe Labs изданието за Linux.
Моментално достапната 64-битна верзија на Firefox е сеуште во рана фаза на развој и првенствено е наменета за тестирање на нејзините можности. Доколку сакате да ја преземете, кликнете тука.
М.Л. | Кајгана