» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

Доделени наградите на "Мicrosoft Форум на Иновативни Наставници"

11.12.2009 | Софтвер

Вчера во хотелот Александар Палас за прв пат во Македонија се одржа „Мicrosoft Форум на Иновативни Наставници“, во организација на Проектот на USAID за основно образование и глобалната програма на Мајкрософт „Партнери во Учeњето“.  Овој форум им даде шанса на наставниците од основните и средни училишта од Македонија да ги презентираат своите образовни проекти изработени со помош на иновативна примена на технологијата. Целта е подобрување на образовниот процес и зголемување на неговата ефикасност преку примена на технолошките алатки на едноставен и разбирлив начин за учениците.

На претходно објавениот конкурс земаа учество наставниците од основните и средни училишта во Македонија кои конкурирале со проект во рамките на кој успеале на иноватиен и современ начин да ја инкорпорираат едукативната пракса и вештина на 21 век во средината каде учат и работат учениците.

Доделените награди беа поделени во три категории и тоа:

Иновации во соработката помеѓу наставниците и учениците во и надвор од училиштето –прво место  СЕОУ “Гостивар” од Гостивар, име на проектот МакНед , носители на прокетот Аница Петкоска, Маја Смилеска, Дарко Петкоски Гостивар Македонија, Jeroen Clemens, Margo Adriansens ,Douwe Dijksterhuis, Cristian Hartsemaод Алмир, Холандија

Иновации во содржината на проектот: ОУ Кирил и Методиј Тетово, име на проектот Различни јазици, култура, националност не се пречка на добра комуникација, Сатки Исмаили

Креативност и иновативност во употреба на технологијата ООУ “Блаже Конески “, Велес, име на проектот Образовен портал, Проф.Маја Ржарова

Покрај предвидените награди, овозможени од Проектот на USAID за основно образование  и Microsoft победниците на овој конкурс ќе бидат поканети да ја претставуваат Република Македонија на Microsoft Европскиот Иновативен Образовен Форум во Берлин, во март 2010 година, каде финансиските трошоци ќе бидат покриени од страна на  Microsoft. Победниците од европскиот форум ќе се натпреваруваaт и на светскиот форум.

Во почетокот на 2009 година, Македониjа, Албаниjа и Косово се придружиjа на глобалната програма на Microsoft – „Партнери во учењето“. По повод настанот Г-динот Илијанчо Гаговски, директор на Мicrosoft, Македонија изјави:

„На пазарите во земјите во развој, како што е Македонија, потребен е прецизно насочен пристап во инвестирањето во образованието и учењето како единствена вистинска конкурентна предност во денешната економија базирана на знаење. Посвестеноста и инвестирањето на решенијата на Микрософт во областа на образованието го поддржуваат и олеснуваат овој процес ширум светот“.
 

Kajgana.com
Македонија
29.07.2010 | 17:59

Додека протестираа 20 тина луѓе пред седиштето на опозициската партија, поголем број  стечајци од здружението УНИТ од Куманово се собраа пред Собранието...

Kajgana.com
29.07.2010 | 13:58

Прославениот англиски фудбалски гигант Ливерпул вечерва во Скопје ќе игра против Работнички, во рамките на третото квалификациско коло во Лига Европа...

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Галичка свадба 2010

Традиционалната манифестација Галичка свадба одржана по 47-ми пат во село Галичник, Мавровско. Младоженците оваа година беа Љупка Талеска и Филип Шотароски. Одиме на прошетка низ фотографии?

Kajgana.com | http://kajgana.com

Врело низ фотографии

Пештерата Врело е лоцирана во кањонот Матка и е систем од две (надводна и подводна) пештери, а се смета како една од најдлабоките во Европа и светот. Одиме на фото прошетка?

Kajgana.com

Белците можат да скокаат

Светското фудбалско првенство заврши, кошаркарското е пред почеток, па во паузата за да не ви е досадно имаме предлог спорт за вас за кој до денес не ни знаевме дека постои, а камо ли дека е и атрактивен!

Kajgana.com

Пар-Кинг

Господинов доаѓа од Нов Зеланд, го сруши рекордот во екстремно паркирање, но ние би му ги направиле сите метании и почести само ако успее да излезе од паркинг местото. Инаку, џабе паркирањето :)

Kajgana.com

Не се секирај, мама е тука

Наместо да се обидеме со придавки да ја опишеме грижата на мајката и да наликуваме на клише за состав по македонски јазик од петто одделение, ќе оставиме видеото само да ја покаже силината на мајчиниот инстинкт...

Kajgana.com

Фудбалче на гооолеми голови

Секоја година во Ашбоурн, Англија се одржува најголемиот, најстариот и најбизарниот фудбалски натпревар во светот. Во играта учествува целиот град, а головите се оддалечени 5 километри...

Kajgana.com

Си беа две панди...

Две панди уживаат во семејна идила - мајката опуштено грицка бамбус, додека покрај неа спокојно спие бебето панда. И се е така мирно и слатко, додека...бууум! На мајката не и беше јасно што ја снајде, а и панда бебушот беше збунет...

Kajgana.com

Хокеарски страсти

Хокејот е груб спорт, а хокеарите гневни луѓе, па мразот често се претвора во бојно поле. И од многуте хокеарски тепачки ви ја издвојуваме најдобрата борба на сите времиња. Особено внимание обратете на акцијата во 24. секунда...

Kajgana.com

Puzzles of Gemland

Одамна не сме играле некоја загадочна игра, па време е малку да го ставиме мозокот во функција. Секое ниво има посебна задача, следете ги инструкциите пред почетокот.

Kajgana.com

Bike Mania Arena

За разлика од претходните верзии, за да ги совладате патеките на оваа игра ќе треба да вложите малку повеќе труд и трпение. Досадно на работа? Сакате да се испробате?

Kajgana.com

Болва

Игрица од типот на Супер Марио, во која главна цел е да ги соберете паричките и да стигнете до крајот на нивото. Команди: Користете ги стрелките за движење, SPACE за скок.

Kajgana.com

Beach Skill Soccer

Добра игрица која со задоволство може да ја "плескате" додека чекате да почне следниот натпревар од Светското првенство. Жонглирајте и држете го фудбалот во воздух. Команди: Користете ги стрелките на тастатурата.

Kajgana.com

Војна на паразитите

Целта на играта е да ја раширите вашата колонија на паразити на сите клетки и со тоа да го совладате противничкиот паразит. Колку етапи ќе успеете да доминирате? Бирајте мудро. Команди: Кликни и повлечи.

Kajgana.com

The Slob

Испробајте ги вашите способности за трчање и скокање во психоделичниот вонземски свет исполнет со чудни билки и други креации. Не е битно дали ви е јасна приказната, битно - завршете ја лизгавата патека до крај...

© 2005-2010 Kajgana Media