Човекот кој 50 сент нагалено си го вика „грда кучка која нема поим од музика“, раперот Пи Диди... не бил пуштен на забава на која требало да биде домаќин :(

Вратарот кој го контролирал влезот на прославата на американскиот Ден на независност минатата недела не ја препознал ѕвездата (многу е можно вратарот да се викал Миле или Зоран), па Диди го фатил патот во насока „на лево круг“ и заминал.
„Забавата беше толку луда, што не успеав ни да влезам. Се појавија 10.000 луѓе. Штета, баш бев подготвен за забава“, напиша Диди на својот твитер профил.
Очевидците тврдат дека вратарот не го познал Диди бидејќи бил дрогиран. Не Шон Пафи Деди Диди Комбс, туку вратарите.
„Некои од вратарите беа толку пијани и дрогирани што не го препознаа Пи Диди па не го пуштија внатре. А тој требаше да ги забавува сите“, изјави за американските таблоиди неименуван извор од забавата (некој пациент која чекал 8 часа да се слика со неговиот идол), на која освен Диди, не се појавија ниту Далај Лама, Раде Рогожаров, Роналдињо и Оскар Вајлд (оправдано), а биле некојси Џеј-Зи, Нели, Боно Вокс и Дензел Вашингтон... како нив ги познале вратарите, немаме поим.
Б.И. | Кајгана