Вистинската жена никогаш не удира маж. Освен ако не е супермодел. Барем тоа може да се заклучи од последниот „испад“ на најпознатиот лош темперамент меѓу супермоделите Наоми Кемпбел. Жртвата овојпат е нејзиниот шофер.

БиБиСи пренесува дека Кемпбел за време на возењето, седејќи на задното седиште го удрила шоферот по глава, кој од силината на ударот со главата удрил во воланот и се здобил со благ потрес на мозокот.
Според извори од њујоршката полиција возачот нема да поднесе кривична пријава против неа. Портпаолот на Наоми изјави дека гламурозната манекенка „потполно мирно ќе ја прифати казната која ја очекува, но позади оваа приказна се крие многу повеќе од она што се гледа на прв поглед“.
Наместо Наоми во полициската станица каде шоферот давал изјава се појавил нејзиниот асистент. Манекенката се' уште не го коментираше случајот.
Б.И. | Кајгана