Одговорните за Оксфордскиот речник на цитати во Парис Хилтон гледаат нешто што остатокот од светот не гледа - интелигенција. Благодарение на нив избланшираната наследничка ќе се најде рамо до рамо со Нобеловци, филозофи и претседатели.
Во 65. издание на овој речник овековечен ќе се најде модниот совет на Хилтон “Облекувајте се слатко каде да одите. Животот е прекраток за едноставно да се вклопите“ (“Dress cute wherever you go, life is too short to blend in”). Овој цитат ќе се најде покрај цитатите на луѓе како Стивен Хокинг и Томас Џеферсон.
По повод оваа укажана чест, Хилтон на својот Twitter профил напиша: „Баш е кул што имам цитат во таа книга“.
Во новото издание на речникот ќе се најдатт 20.000 нови цитати како оној на бившиот гувернер на Алјаска, Сара Пејлин: „Која е разликата помеѓу мајка на хокеар и питбул? Карминот“
И.Е. | Кајгана