Актерот Кори Хејм (38) е пронајден мртов во Лос Анџелес. Засега не се познати официјални детали околу причината за смртта, но се претпоставува дека актерот настрадал од преголема доза на дрога.
Кори Хејм, кој се прослави со улогата во филмот "Изгубени момчиња" (Тhe Lost Boys) од 1987 година, бил пронајден мртов во неговиот стан. Хејм е познат и по улогите во успешната тинејџерска комедија "Возачка дозвола" (License to Drive) од 1988 година, хоророт Watchers, филмот Prayer of the Rollerboys во кој настапи со Патриша Аркет.
Актерот долги години се бореше со неговата зависност од дрогите, а во 2000-та година призна дека користи Валиум за да ги смири нервите. Во 2004 година тврдеше дека ставил крај на неговата зависност.
Д.Л.