Болката, поетичноста, искреноста, генијалноста на ремек-делото “Куча пос'о“ одекнаа на сите краишта на светот и го направија неговиот автор ѕвезда. Толкава ѕвезда што и угледен британски весник одвои простор за неговата величина.
Да, за ликот и делото на Екрем Јевриќ на кои не е во ред ниту да им се потсмееш, The Independent одвои простор и напиша сериозен текст.
Толку сериозен, што освен што го прогласуваат за балкански Борат, новинарите од The Indеpendent сметаат дека “господин-човек“ Јевриќ успеал со својот хит да ги обедини народите од бившата Југославија (!).
Британскиот весник опишува и како човекот-феномен по потекло од Црна Гора бил дочекан како крал кога за првпат по почетокот на војната во '90-те се вратил во татковината. На просторите на бивша Југославија ѕвездата, пишува Independent, стекнала статус на вистински “селебрити“ - за него дискутираат музичките критичари, а луѓето го канат да пее по бројни свадби. Екрем е баран и во американските клубови, особено во градовите каде има многу иселеници од овие простори.
И видео клиповите од неговите настапи во САД (на кои, во паузите меѓу изведбите, господин човекот си ги чепка забите со кредитна картичка) имаат повеќемилионска гледаност. Сепак, Екрем се пожалил дека “луѓето од YouTube не му платиле ни цент“, а на прашањето зошто е толку популарен, одговорил: „Луѓето очигледно препознале дека пеам чиста вистина“. Вистина е Екреме, до тоа ќе да e.
И уште еднаш, за секој случај, да повториме: The Indеpendent e сериозен...медиум.
Владата на последната седница донела одлука за смена на неколкумина директори. Премиерот Никола Груевски потврди дека на седницата биле донесени кадровски решенија, но повеќе детали најави за утре...
Освоениот медал на Медитеранското првенство кое минатиот викенд се одржа во Кушадаси, Турција за Македонија претставува најголем успех во досегашната историја на женското карате во екипна конкуренција во дисциплината борби...
Еве зошто е подобро да "аднете" што повеќе девојки на вашата листа на пријатели кои сурфаат на бранови, отколку девојки кои сурфаат на интернет. Галерија со 30 фотографии.
Неодамна на Live Leak се појави снимка на која можете сосема фино да видите што се случува кога патувате со огромен модерен брод - крузер, а ваш противник се брановите кои достигаат и до петтиот кат од бродот. Како партали летаат...
Еден брачен пар во Нов Зеланд фатил двајца вандали кои со графити наводно им ја уништиле оградата па ги натерале да играат (?!) додека ја чекаат полицијата да дојде и да ги уапси. Се е снимено, нормално...
Не ви го препорачуваме клипов доколку подоцна во текот на денот планирате да се разладите со свежа сочна лубеница. Не за друго, туку ќе се демотивирате моментално. Како зошто? Џеки ќе ви го каже вицот...
Ако сеуште не ви е јасно за што служат справите на кејот на Вардар, не можевте да најдете подобро демонстративно видео од ова. Во продолжение, следуваат повеќе од 8 минути интензивни...
Извадок од некое глупо американско шоу во кое (замислете) треба да го погодите витезот со чатал на лубеници. По силното бодрење од страна на водителката и очекуваниот хедшот-фејл кој речиси го остави девојчето без глава, следува...
Еве една добра компилација на моменти во кои или во рајот правеле попис, или се воведувал биометриски систем на лични исправи па имало огромна гужва, поради која среќнициве куртулиле блиска средба од ултимативен вид со воз...
Игра како создадена за ден пред викенд. Релаксирачка, но сепак доволно интересна за да украде квалитетен дел од вашето време. Целта е да ги запалите проѕирните топчиња. Следете го туторијалот на почеток.
Ставете се во улога на озлогласената платеничка позната под името Џејн Доу и тестирајте ги вашите атентаторски способности. Ваша цел е успешно да го комплетирате договорот и да побегнете од местото на злосторот.
Вака некако изгледа Супер Марио кога ќе изеде премногу "волшебни печурки". Иако значително модифицирана, гејм плејот на оваа игра е ист како и на оригиналната - јадете печурки и бегате од лошите.
Лесна, летна игрица, која ќе ви помогне да ги пребродите периодите на досада на работното место. Целта е да го балансирате црвениот шестоаголник на лостот. И токму кога ќе помислите дека би можеле така и цел ден...
Одамна не сме играле некоја загадочна игра, па време е малку да го ставиме мозокот во функција. Секое ниво има посебна задача, следете ги инструкциите пред почетокот.
За разлика од претходните верзии, за да ги совладате патеките на оваа игра ќе треба да вложите малку повеќе труд и трпение. Досадно на работа? Сакате да се испробате?