Имотот на покојниот американски актер Денис Хопер во Калифорнија ќе биде понуден на продажба во петок, по цена од 6,2 милиони долари.

Имотот во квартот Венис на Лос Анџелес во кој Хопер живеел повеќе од 20 години се наоѓа недалеку од Тихиот океан и се простира на 1.450 квадратни метри.
На него се наоѓаат повеќе објекти, вклучувајќи и куќа со површина од 455 квадратни метри и три помали куќи.
Јунакот на филмот „Easy Rider“ почина од рак, на 29 мај во 75. година од животот.