Живееме во свет полн со луѓе, а таа бројка расте секојдневно, па пренаселеноста станува загрижувачки проблем. Кои се петте најнаселени градови на светот?
1. Шангај, Кина. Популација: 14.348.535
Шангај, кој е познат и како Париз на Истокот и Кралица на Ориентот, е еден од најдинамичните градови на светот. ПОмодерен од останатите кинески градови, може да се пофали со најнова технологија и мода.

2. Мумбаи (поранешен Бомбај), Индија. Популација: 11.914.398
Сообраќајот, бедата, изобилството, ноќниот живот, стилот, светски познатата кујна и филмската индустрија го прават Бомбај поинтересен и од Холивуд. И додека на прв поглед до израз доаѓаат сиромаштијата и нечистотиите, кога подобро ќе се погледне станува јасно дека се работи за еден од културно најбогатите и највозбудливи градови на светот.

3. Пекинг, Кина. Популација: 11.509.595
Пекинг е вистински пример на модерниот кинески режим. Архитектурата на градот најдобро ја претставува разновидната политичка историја.

4. Сао Паоло, Бразил. Популација: 11.016.703
Сао Паоло е најголемиот и најбогатиот бразилски град, а ноќниот живот и уметничката сцена го сместуваат меѓу најдобрите на континентот. Мотото на неговите жители е да се работи напорно, но и да се забавува.

5. Сеул, Јужна Кореја. Популација: 9.895.217
Модерниот и културно богат Сеула е полн со "вибрации" и живее 24 часа. Главниот град на Јужна Кореја е културен, трговски и сообраќаен центар.
