Откако на Тајланѓаните очигледно пандите им станаа многу помили животни од слоновите, чуварите од зоолошката градина на креативен начин се обидоа да го свртат вниманието кон занемарените слонови - фарбајќи ги црно-бело, со цел повеќе да личат на панди.

Иако слонот е национален симбол на Тајланд, земјата "полуде" по малите панди во зоолошката Чианг Маи во Бангкок. Тамошните медиуми известуваат дека посетителите се толку "загреани" за овие животни, што властите веќе стартувале изградба на нов дом за фамилијата панди, во вредност од околу 355.000 долари.
Откако видоа дека ситуацијата "излегува од контрола", чуварите од зоолошката градина во Бангкок решија да преземат "драстични мерки" и да офарбаат пет од своите занемарени слонови во боја на панда и да ги прошетаат низ градот.
Парадата и не може да се нарече баш успешна, затоа што воодушевените поминувачи со задоволство ги извикува имињата на малите панди, додека чуварите со сите средства се обидуваа да го свртат вниманието кон слоновите.

