Неодамна научниците во НАСА забележаа дека нешто чудно се случува со Земјината атмосфера. Нешто чудно и загрижувачко.

Имено, научниците открија дека помеѓу 2008. и 2009. година, за време на Соларниот минимум, се случил колапс на термосферата (слој на Земјината атмосфера кој се наоѓа на 100 до 600 километри над површината на Земјата и всушност е редок слој на гас). Она што ги изненадува научниците е фактот дека големината на колапсот е 2 до 3 пати поголема од вредноста која би можела да се објасни со сончева активност.
„Тоа е најголемата контракција на термосферата во последните 43 години. Тоа е рекорд на нашата вселенска доба“, истакнал Џон Емрет, автор на извештајот објавен во научното списание Geophysical Research Letters, пренесува CBS. „Се случува нешто што ние сега за сега не го разбираме“, додал Емерет.
Термосферата е атмосферски слој низ кој минуваат метеори, во кој се јавува аурора бореалис и аустралис и најважно прва граница на одбрана и прво место на на контакт меѓу соларната радијација со нашата планета. Задачата на термосферата е пресретнување на екстремните ултравиолетови Сончеви фотони, пред тие да се пробијат до површината на Земјата.
Неодамна се пишуваше околу тоа што се случува со нашето Сонце, односно за отсутноста на Сончевите пеги како и соларните бури. Според Емерет и неговите колеги, ниската активност на Сонцето објаснува само 30% од колапсот на термосферата. Вишокот на CO2 на тоа додава уште некои 10 проценит, но што е со останатите 60%?
И.Е. | Кајгана