Звучи неверојатно, но предвидувањата одат до тоа дека за десетина години луѓето ќе можат да постигнат оргазам со еден клик на маусот, или некој друг уред со слична намена.
Научниците работат на развивање на таканаречен "секс чип" кој ќе биде способен да го стимулира делот на мозокот одговорен за сексуално возбудување преку малите електроди кои ќе бидат имплантирани во него.
Чипот е замислен да делува на делот на мозокот кој е лоциран позади нашите очи и одговорен за пријатното чувство кое го добиваме кога јадеме, пиеме или сме сексуално активни.
Научниците посочуваат дека првобитната намена на овој чип е борбата против фригидноста. Уредот моментално го носи името "Orgazmatron" по истоимениот филм на Вуди Ален, а се очекува да влезе во фаза на тестирање за десетина години.
Интересен податок и најинтересниот дел од целата приказна е и информацијата дека креаторите на "Orgazmatron" всушност планираат овој чип да се управува преку далечински управувач.
М. Л. | Кајгана