Ве мрзи да вежбате или некако успевате да се натерате на физичка активност, но изгледате исто како да не вежбате? Не сте вие виновни, вашите родители се.
Според истражувањето на научниците од Универзитетот Јужна Каролина објавено во Journal of Heredity, секој петти човек наследил “ген за мрзеливост“ кој обидот за вежбање и резултатите од истото ги прави, со еден кул збор кажано, FAIL.
Во истражувањето учествувале повеќе од 600 луѓе кои се занимаваат со некаква физичка активност и давале одговори во врска со своите навики за вежбање, резултатите и мотивацијата. Иако научниците биле фокусирани на аеробниот фитнес, веруваат дека спорниот ген делува на ист начин при секој вид на вежбање.
Добрата вест е што научниците велат дека овој ген може да се открие со едноставно тестирање на крвта. Откако генот ќе се открие, ќе има можност личноста да го промени пристапот кон вежбањето, а се размислува и за медицинска терапија која би помогнала при физичката активност.
Апче кое ќе не' натера да си ги помрдене задниците, да отидеме во теретана и да се “разубавиме“ со секси мускули?! Е тоа е нешто што вреди да се проголта :)
И. Е. | Кајгана