


CERN
Чудото наречено Големиот хадронски судирач на честички (Large Hadron Collider) ќе престане со работа кон крајот од 2011 година, од безбедносни причини, дознава БиБиСи.
Големиот хадронски акцелератор кој е сместен на границата помеѓу Франција и Швајцарија за прв пат беше пуштен во погон во 2008 година, но по само 10 дена работа беше сопрен поради проблем на системот за ладење на тунелот долг 27 километри, кој се наоѓа стотина метри под земја. Поправките траеја скоро една година, а повторно беше пуштен во погон минатата година.
Како што јави БиБиСи, директорот на LHC Стив Маерс како причина за неочекуваното едногодишно гасење на најголемиот акцелератор на честички на светот наведува сигурносни причини.
Д.Л.