Не дека сакаме да им дадеме некаква луда идеја за некој следен проект на градските татковци, ама овие скулптури се вистинско уметничко ремек-дело кое мора да се погледне.

Како што вели самиот автор, еден дел од него е инженер кој сака да го мапира напредокот на мобилноста. Другиот дел е уметник, кој сака да му даде облик на ветрот. Границата помеѓу инженерингот и уметноста постои само во нашиот ум.
Станува збор за т.н "The Animaris Rhinoceros Transport", кој е претставен преку ултра лесни скулптури кои се движат исклучиво со помош на ветрот. Интересно е тоа што во срцето на овој "мутант" има седиште за еден патник, што ја прави оваа скулптура најнеобичното и воедно највозбудливото превозно средство што некогаш ќе го видите.
Повеќе на официјалниот сајт на креаторот Тео Јансен и на видеата подолу: