Kатастрофалниот земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала, кој на 27.февруари го погоди Чиле и однесе повеќе од 700 човечки животи, веројатно го скрати траењето на денот, тврди научник на НАСА.
Земјотресите може да поместат стотици квадратни километри карпи за неколку метри, што го менува распоредот на масите на планетата. Тоа влијае на Земјината ротација, изјави Ричард Грос, геофизичар од лабораторијата на НАСА во Калифорнија.
На тој начин, земјотресот кој го погоди Чиле овој викенд веројатно ја поместил оската на Земјата и со тоа го скратил траењето на денот.
„Земјината оска би требало да биде поместена за 8 сантиметри, а траењето на денот најверојатно е скратено за 1.26 милисекунди (милионити дел на секундата)“, изјави Грос.
Ова тврдење го подржува и Андреас Ритброк, професор на универзитетот Ливерпул во Британија, чија изјава може да ја проследите на приложеното видео.
И.Е. | Кајгана